Нико Розберг изјави дека реално би било Луис Хамилтон од овој момент да почне да цели кон рекордите на Михаел Шумахер кој освои седум титули пред да се пензионира. Луис во Мексико ја освои својата 5та титула и моментално има 71 победа и уште две години договор со Мерцедес.

За Луис сега со пет титули е неверојатно. Лудо е да се помисли дека тој се израмни со легендарниот Хуан Мануел Фанџо. Сега може да цели кон рекордите на Шумахер. Има уште две години договор и уште две титули до Шумахер, 20 победи што се возможни за две години. Тоа е одлично. Може да се обиде да биде најдобар на сите времиња, иако е нереално мислам дека е можно бидејќи тој е доволно мотивиран – најави Розберг.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Розберг изјави дека нема никаква врска што Хамилтон ја освои титулата во разочарувачка трка за Мерцедес.

На денешната трка Мерцедес не се покажа во најдобро светло, но секако не е ни важно. Важна е големата слика. Тој ја заслужи титулата, заврши феноменална работа посебно кога Ферари беа силни и имаа можеби подобар болид. Под таков притисок да се заврши таква работа и по летната пауза да се излезе толку силен е преголем напор. По паузата беше или дека тимот прави грешки или дека Себастијан прави грешки. Мерцедес и Луис беа перфектни и комплетни. Затоа има толкава разлика во шампионатот кој заврши порано. Се надевам дека сите ќе имаат добра забава.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.