Пензионираниот светски шампион во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг, ја започна сезоната како аналитичар со изјавата дека Себастијан Фетел треба да биде мошне внимателен на младиот Шарл Леклер кој го завзема своето место во Ферари со намера да го порази германецот.

Фетел мора да внимава бидејќи Леклер е многу силен, а тој нема повеќе да ужива во удобоста покрај Кими Раиконен. Сега ќе биде поинаку. Себ ќе мора да биде совршен доколку сака да победи.

Не знам што се случи со него, но во овој спорт понекогаш изгледа дека се е во ред, но потоа имате само една грешка и паѓате, губите самодоверба и се оди во надолна линија.

Истото ми се случи и на мене против Хамилтон во 2015 година. Против Луис морав да го променам ставот и одлучив дека јас морам да бидам тој кој ќе води. Луис има навика да воведува свои правила, но јас ја превзедов контролата за да не му дозволам да најде мотивација И победив.

Фетел е супериорен во однос на посветата кон работата, тој работи блиску со инженерите. Тоа е посвета која Хамилтон ја нема – вели Розберг.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.