Формула 1 шампионот од 2016 година, Нико Розберг, се соживеа со состојбата во која се наоѓа Естебан Окон, односно фактот дека французинот нема обезбедено место во тимот иако има одлични перформанси и резултати оваа тркачка сезона.

Иако сеуште не е официјално потврдено, повеќе од сигурно е дека Окон ќе биде заменет со Ленс Строл во Форс Индија, тимот кој го купи неговиот татко.

Окон ја нема финансиската подршка која ја има Строл и не може да најде место во друг тим.  22-годишниот возач кој е подржан од Мерцедес нема понуди од другите тимови и поради тоа нема опција.

Многу возачи имаат подршка од тимовите за време на нивниот развој што е добра работа. Тимовите превземаат иницијатива за развој на возачите. Ваква ситуација како таа на Окон се нема случено до сега. Тој е одличен возач и штета е да остане без место, тоа е навистина тажно.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.