Нико Розберг, Формула 1 шампионот од 2016 година, откри кој бил настанот од 2012 година која ја променил неговата тркачка кариера, но и неговиот живот. Во 2010 година по четири години во Мекларен, Розберг мина во фабричката екипа на Мерцедес како колега на седумкратниот шампион, Михаел Шумахер.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Германскиот тандем возачи беа блиску еден во друг, а во 2012 година кога “сребрените“ стигнаа до својата прва победа во модерната Формула 1, Розберг беше побрзиот возач.

Беше многу важно што во 2012 година го победив Шумахер, тоа беше одлучувачки во мојата кариера затоа што за мене значеше дека тој се повлекува, а јас останувам во екипата. Секако дека ако ме победеше ситуацијата ќе беше обратна – појасни Нико.

Црвениот барон возеше за Мерцедес од 2010 година до 2012 година откако се врати од пензија во која влезе по многу успешните години со Ферари. Во годините со Мерцедес, германецот стигна до само еден пдиум. Розберг смета дека во нивните заеднички години, Шуми ја имал брзината, но не и константноста.

Во тоа време немав победа на трка. Тој беше најдобар на сите времиња и прво нешто што помислив е како ќе успеам да го победам затоа што е толку добар и колку далеку од него е бидам.

Тоа навистина се случуваше во мојата глава, тој беше мојот детски херој, него го гледав и сакав да бидам како него, тој е поголем од животот, тој е феноменален. Секако дека беше зад врвот на својата кариера, но во врвот беше толку силен, беше непобедлив. Во Монако во таа 2012 година стигна до пол позиција, не смееме да го заборавиме тоа.

Имаше и силни и светли моменти, но не беше најдобриот тој, му недостасуваше константност, сегмент во кој јас имав предност – се присетува Розберг.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.