Нико Розберг верува дека несогласувањата и недостатокот на тимски наредби го чинеле Себастијан Фетел и Ферари титула сезонава.

Иако Ферари дојде со најбрз болид во текот на сезоната нивната форма опадна. Многуте грешки на Фетел му дозволија на Луис Хамилтон да напредува и на крајот да ја добие титулата во ситуација во која Ферари одби да користи тимски наредби. На крајот тоа ги чинеше многу и во Италија кога Кими Раиконен дојде до пол позиција и во борба за позиција со Хамилтон тој направи грешка.

Розберг смета дека тие следната година ќе бидат посилни. но сепак мора да поработат на стабилноста.

Ферари само треба да продолжи следната година. Имаат одличен болид и Со таа база може да бидат уште посилни по зимската пауза.

Оваа година имаа многу стратешки грешки. Чудно е бидејќи Ферари секогаш користеле тимски наредби. Како возачм ако сметате дека немате целосна подршка, тоа влијае на вашето размислување и фокусот.

Ако не се согласувате со тимот тогаш е тешко. Не треба да заборавиме и на инволвираноста на Серџо Маркионе во тимот. Тоа Мерцедес успеа да го искористи и без Ники Лауда – го објасни својот став светскиот формула 1 првак од 2016 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.