Светскиот Формула 1 првак од 2016 година, Нико , верува дека Ферари страдале сезонава поради недостаток на тимска кохезија, но го подржува камбекот на Себастијан Фетел и Ферари во 2019 година.

Во поголемиот дел од 2018 година, Себастијан Фетел сериозно го нападна шампионот Хамилтон, но неговите грешки, како и грешки од екипата, на крајот ги уништија неговите шанси за титула, додека Мерцедес се здоби со предност.

Сепак, доколку Ферари надогради на својата силна страна и наредната сезона и ги поправи грешките, означени како “детали“ од Розберг, Скудерија може да ја врати титулата во Маранело, смета шампионот од 2016 година.

Едноставно, Ферари треба да продолжи во 2019 година.

Тие изработија брилијантен болид. Со таа основа, верувам дека тие ќе се вратат назад многу посилни по зимската пауза.

Направија многу стратегиски грешки, како и грешки во тимската кохезија.

Чудно беше бидејќи Ферари секогаш водеа во однос на тимски наредби. Но како возач, ако мислите дека немате доволно подршка, може да влијае над вашиот фокус.

Ако не се согласувате со вашиот тим, што е нормално во случајот на Себастијан, многу е тешко. Исто така не може да заборавиме дека Серџо Маркионе беше длабоко вмешан во екипата. Но може да кажете дека Мерцедес успеаја да компензираат без Ники Лауда.

Сепак, не ја гледам 2019 година како последна шанса за Себастијан. Тоа е само уште една шанса. Тој имаше тешка година и беше многу критикуван, но беше иста ситуација како и за мене во 2015 година. Луис возеше совршено, а јас направив грешки.

Тоа што е важно е да ја зголемите самодовербата, а Себастијан е способен за тоа. Тој сеуште е најдобриот возач на гридот – изјави розберг.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.