Розберг загрижен за “говорот на тело“ од Хамилтон

659

Нико Розберг го опиша говорот на тело на Луис Хамилтон како нешто што досега никогаш не го видел, откако британецот имаше нови проблеми во саботните квалификации за Германското Гранд При.

Хамилтон мораше да го паркира својот болид на крајот на К1, а четирикратниот шампион самиот видно разочаран застана покрај истиот.

Тоа е нешто за што сум загрижен. Никогаш не сум видел таков “говор на тело“ од него. Го видовме за првпат во Силверстон и сега повторно, како неверување или нешто. Секако дека е тешко, но ова е нов “говор на тело“, тоа не сум го видел кај Луис досега – изјави Розберг.

Откако Хамилтон се откажа од квалификациите, пол позицијата беше полесно достижна за Себастијан Ветел. Но и тој имаше закана од Валтери Ботас и Кими Раиконен, кои за малку заостанаа позади него на втората и третата позиција.

Ова е големо наназадување за Луис бидејќи Ветел ќе стартува прв, болидот лета, тој е фаворит за победа, а Луис повторно мора да стартува од позади. Утрешниот ќе биде многу тежок ден за него.

Мислам дека Луис направи грешка во свиокот 1, излезе прешироко и подот на неговиот болид имаше неколку големи и силни удари, а потоа проблемот се појави – додаде Розберг.


Розберг загрижен за “говорот на тело“ од Хамилтон

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>