Продолжуваат контроверзите со новиот главен спонзор на Хаас, британската компанија за производство на енергетски пијалоци, Рич Енерџи.

Иако се зголемува скептицизмот за легитимноста на компанијата, британската фирма за енергетски пијалоци предводена од Вилијам Стори наредниот месец оди на суд. Тие треба да се појават на Судот во Лондон пред почетокот на сезоната, односно на 12 и 13 Март.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Според судот за интелектуална сопственост случајот е пријавен од ATB Sales, британска компанија која е сопственик на Вајт Бајкс, чие лого е речиси идентично со тоа на Рич Енерџи.

На промоцијата на болидот, Стори призна дека сакале црно и златно лого бидејќи тоа ги потсетува на Лотусот на Аиртон Сена.

Ние еволуиравме и не сакаме идентична копија на тие бои. Додека болидот е убав и името на компанијата на Џин е тука, шефот е среќен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.