Новиот возач на , Даниел , изјави дека сака да донесе нова енергија во француската фабричка екипа престојната година.

Откако целата своја Формула 1 кариера ја мина под закрила на Ред Бул, во текот на минатото лесто донесе одлука да мине во Рено и две години да го вози жолтиот болид. Колега во Енстон ќе му биде Нико Хулкенберг во сезона во која главна цел на французите е да дојдат поблиску до врвната тројка.

рено има огромна моторспорт историја така што да се биде дел нивниот следен формула 1 чекор е навистина многу возбудливо. тука сум да си ја завршам работата на патеката, но сакам да донесам и нова енергија во екипата затоа што таков е мојот карактер.

имам цел да ги натерам сите во екипата да работат дополнително, да се трудат повеќе и да се обединат. сакам да бидам носител на позитивната енергија – изјави рикардо при промоцијата на новиот болид на тимот.

29-годишниот австралијанец имаше сезона полна со проблеми лани откако на почетокот имаше две победи, во Кина и Монако, но во остатокот од сезоната не успеа да дојде до подиум, а се откажа дури 11 пати. Со такво постигнување заврши на 6то место во поредокот со дури 79 поени зад својот колега.

се што научив лани ќе направи подобра верзија од мене годинава. имам поголема чистина во врска со тоа каде целам и што сакам да постигнам и се надевам дека сето тоа ќе биде видливо преку добри резултати на патеката. чувствувам позитиен притисок и очекувам добри работи.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.