Рикардо ќе вози со постара спецификација

84

Даниел Рикардо викендов во Унгарија ќе вози со постара спецификација на мотор на Рено одошто спецификацијата која ќе ја вози Макс Верстапен. Поради казна за предвремена промена на моторот, австралијанецот ја почна последната трка од 19то место.

Екипата одлучи да не става нов мотор во неговиот болид затоа што истото би повлекло казна на трката на која Ред Бул се надева на највисок пласман. Проблематични се моторот со внатрешно согорување, турбо полначот како и МГУ-Х хибридниот дел од Системот за повраток на енергијата.

Рено сметале дека Даниел немал многу километри со претходните мотори од првата спцификација, со едниот од нив победи и во Монако, така што му дале зелено светло да вози со истите.

Во моментот кога моравме да донесме одлука, немавме апсолутно никаква причина да носиме целосно нов мотор. Потоа е случја неколку откажувања и целосно го растуривме тој мотор за да ги истражиме сите делови затоа што прв пат ни се случува откажување во тој дел од агрегатот.

Можно е да се работи за проблем кој доаѓа од снабдувачот, но сепак не можеме во моментов точно да потврдиме затоа што ненадејно се случи. Сеуште сметам дека со оглед на информациите со кои располагавме, донесовме вистинска одлука – смета Сирил Абитебул, шрфот на Рено.

Тој знае дека враќање на првата спецификација не е идеално за Рикардо, но најави дека третата Ц спецификација ќе биде нешто за што вреди да се чека.

Планот за новата спецификација сеуште се разработува, работиме најдобро што можеме со цел Ред Бул да дојде во можност да се бори за поени и за пол позиции во вториот дел од сезоната.


Рикардо ќе вози со постара спецификација

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>