Даниел објави видео на социјалните мрежи каде потврдува дека ќе ги одработи последните две трки за Ред Бул, По уште едно разочарување, овој пат во Мексико, австралијанецот изјави дека завршил, дека болидот е проколнат и дека Пјер Гасли може слободно да вози место него на последните две трки.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Но и покрај тоа што имаше 8 откажувања проади технички проблеми сезонава, со “ладна глава“ тој ги објасни своите коментари.

сакам да појаснам неколку работи од мексико. најпрво ќе потврдам дека ќе возам на последните две трки затоа што тоа ми е работа, тоа ми е живот.

јасно е дека годинава имав огромни подеми и падови, повеќе падови за жали нема да лажам дека сум фрустриран.

но, момците се “кршат“ од работа за да ми дадат колку што може подобар болид и имам уште два обиди да се ослободам од малерот до крајот на сезоната.

Ми треба само малку одмор и ќе бидам добро – изјави рикардо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.