Рикардо: Шансата за пол исчезна за еден час

154

Даниел Рикардо беше емотивен зборувајќи за изгубената шанса за пол позиција, за која беше оптимистички расположен во пресрет на квалификациите во Сингапур.

Тој имаше добро темпо во К1 кога беше блиску до Ветел кој тогаш беше прв, но падна на петта позиција во К2 и на крајот мораше да се задоволи со 6та стартна позиција, односно трети стартен ред, рамо до рамо со Кими Раиконен за утрешната трка.

Австралијанецит заврши речиси една секунда зад Хамилтон и шест десетинки зад тимскиот колега Макс Верстапен кој постави време доволно за 2ро место.

Имав мал проблем, но тоа не е причината поради падот на темпото. Бевме таму имавме шанса но нешто се случи и не можев да бидам побрз. Сега ми е мачно поради пропуштената шанса.

Знам дека дури и со добро темпо тешко е да се престаса на оваа патека, но се надевам дека на болидите напред побрзо ќе им се потрошат гумите и ќе мора да застанат два пати.

Мислам дека ова е еден од тие денови кога ги немаш сите одговори. Во еден час се се смени. Можеби сум малку емотивен што сакам да разберам што се случи што изгубив толку многу – смета Дани.


Рикардо: Шансата за пол исчезна за еден час

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>