Рикардо фрустриран по трите последователни трки

229
   

Даниел Рикардо не стигна до подиум во ниту една од последните три трки во три последователни викенди, по пласманот на петто место на Британското Гранд При. Последен подиум за австрлијанецот е победата во Монако.

Даниел имаше проблем со ДРС системот во квалификациите, а се откажа на последната трка во Австрија, каде што победи Макс Верстапен. Тој признава дека е среќен што трките во три последователни викенди, кои се случија за првпат во Формула 1 историјата, завршија. Од трите трки собра вкупно 22 поени.

Повеќе мали работи не ни одеа во полза, така што ќе се обидеме да се подобриме во Хокенхајм и Хунгароринг, но овај чекам на следната недела без тркање.

Во овие три последователни трки, секоја трка имавме проблем и нешто не ни одеше во полза. Влеговме во последни мигови, а потоа се појави Безбедносното Возило, така што изгубивме позиции и немавме среќа.

Од Монако всушност работите не ни одат во наша полза. Сепак, се радувам на таа победа, но не сакам тоа да ни биде последен момент на висока нога – изјави Рикардо.


Рикардо фрустриран по трите последователни трки

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>