Новиот возач на Рено, Даниел , ја “отвори душата“ во врска со фрустрациите поради непредвидливиот пазар на возачи минатата година.

Австралијанецот беше поврзуван со и во моментите кога размислуваше каде да ја продолжи својата кариера, но на крајот одбра да замине од Ред Бул и да потпише со фабричкиот тим на Рено. Возачот многу високо котираше особено откако победи две од првите шест трки лани.

во тие моменти мислев дека и да сакам не можам подобро и повеќе. на некој начин очекував повеќе поради изданието на почетокот.

по првите шест трки од кои победив на две, водеше себ, по него беше луис, а на трето место бев јас и сите имавме по две победи. во тој период никој не беше ни блиску до нас – појасни рикардо.

Запрашан дали бил фрустриран со развојот на настаните, тој одговори:

да бидам искрен, бев фрустриран. на крајот на денот, сите беа свесни дека мерцедес и ферари се тимовите кои треба да се победат, а беше веројатно дека и некој друг ќе има пар победи. сепак, тие две беа екипите каде треба да се биде на кус рок за да се борите за титула.

Возачот чувствува дека МЕрцедес биле конзервативни во нивната намера да го задржат кај себе Валтери Ботас крај шампионот Луис Хамилтон. Сепак, Дани го разбира потегот кој “сребрените стрели“ го направиле.

ситуацијата во мерцедес беше различна, имаа различна динамика со патот кој го одбраа и за нив беше многу конзервативно. не можам да се бунам затоа што мислам дека правилно постапија.

луис беше шампион кај возачите, а тимот беше шампион кај конструкторите така што тие ја остварија целта која ја имаа поставено пред почетокот на сезоната.

Ферари ја “затвориле вратата“ за Рикардо откако одбрале да потпишат со Шарл Леклер како партнер на четирикратниот првак, Себастијан Фетел. Австралијанецот откри дека го почитува тоа што го направиле откако младиот возач имал импресивно деби со Заубер.

тој е млад и надежен возач и можеби таков бил планот за него цело време без разлика на моите резултати и постигнувања и неговите резултати и постивнуања. со тоа што го направија ферари од мене имаат само почит затоа што сум го гледал тоа во ред бул, начинот на кој носат млади возачи и тоа е добро.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.