Даниел доби казна од 5 позиции на стартот во Бразил поради предвремена замена на турбо полначот.

Како резултат од гасењето на пожарот по откажувањето на Рикардо во Мексико, стјуардите го загушиле турбо полначот и истиот морало да биде променет на Интерлагос. Тоа му носи пет позиции казна во пресрет на неделната трка.

од тимот ми се јавија минатата недела и ми кажаа каква е ситуацијата. сега можам само да се насметам затоа што лошата среќа за мене стана навика, но надвор е од моја контрола и ќе мораме да извадиме се што можеме од викендот.

имам неколку денови “да го сварам“ овој последен проблем, но се помирив, ќе се обидам да се квалификувам колку што можам подобро и да се тркам “машки. имавме добар болид во Петок во текот на долгите серии и тоа ми дава надеж за добра неделна трка – смета Дани.

Австралијанецот потврди дека проади тоа што се работи за казна од само пет места, тој планира да учествува во сите три квалификациски сегемтни, но сака со алтернативна стратегија да ги нападне оние пред него.

тоа што беше интересно денеска е фактот што сите три компоненти гуми работа добро во текот на долгите серии, а тоа ни дава опции за стартот и нешто по што ќе се разликуваме од останатите пред нас. сакам да направам нешто поинаку затоа што логично е дека ќе стартувам од средината и сакам да имам колку што можам поголема шанса за успех – заврши рикардо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.