Рикардо смета дека се посилни од Ферари и Мерцедес

320

Даниел Рикардо смета дека неговиот Ред Бул има предност во однос на Ферари и Мерцедес во ритамот кај долгите серии на Марина Беј, но е свесен дека таа предност може да не значи многу доколку не успеат да компелтираат силни квалификации.

Австралијанецот беше најбрз на првата тренинг сесија, втор беше неговиот колега, додека во текот на вторите 90 минути Ред Бул беа на секунда од Ферари, откако Кими работеше квалификависка симулација за своето најбрзо време.

Рикардо се искачува на подиум во Сингапур четири години по ред, додека “биковите“ лани почнаа од 3то и 4то место на гридот.

На софт и на суперсофт изгледаме барем добро како останатите, ако не и подобро, но исрено ако не сме доволно брзи на квалификациите, тоа нема да биде многу важно. Квалификациите овдека се важно како и на Монако и поради тоа ќе мораме безгрешно да ги одработиме,

Утринската сесија за нас беше подобра одошто попладневната, бевме поудобни со болидот, патеката беше потопла и се чини дека тоа повеќе ни одговараше, што е малку чудно.

Ако најдеме добар баланс попладне затоа што тогаш се квалификациите, важно е ноќеска да научиме каде погрешивме на Т2. Знаеме до каде сме и мислам дека ќе бидеме конкурентни – заклучи Рикардо.


Booking.com

Рикардо смета дека се посилни од Ферари и Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>