Рикардо смета дека не е во борба за титула

97

И покрај победата во Монте Карло која е втора негова сезонава, Даниел Рикардо смета дека не е во комбинација за титула сезонава. Со неделната победа, австралијанецот се доближи на 38 поени до лидерот во првенството, Луис Хамилтон, а првите тројца во поредокот имаат по 2 победи.

По победа таквото прашање за титула доаѓа природно. Мислам дека истото ме прашаа и по трката во Кина, но мислам дека Луис има добра позитива во однос на мене. Сеуште сме надвор од борбата за титула, но не е невозможно, сепак реалноста е друга и таквиот предизвик нема да промени начинот на кој возам на патеката – објасни Рикардо.

Австралијанецот смета дека на Ред Бул ќе им треба уште една победа пред летната пауза за вистинск ида се вклучат во борбата за титула.

Ќе биде многу интересно во Монтреал каде ќе се обидеме да дојдеме до подиум. Веројатно мора да се докажеме уште на една патека пред летната пауза дека можеме да победиме и дека имаме шанса за титула.


Рикардо смета дека не е во борба за титула

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>