Даниел Рикардо остана разочаран по квалификациите во Јапонија откако неговиот Рено мотор откажа за време на средниот квалификациски сегмент, поради што тој мораше да ја почне неделната трка од 15то место.

Австалијанецот има 13 порази од Верстапен на квалификации оваа година, нешто на што работеше минатата сезона и во многу се подобри кон крајот на истата.

Бев задоволен со квалификациските сесии лани и мислев дека на почетокот на годинава ќе бидам уште подобар. Како и да е, го немам покажано мојот максимум или можеби Макс повеќе се подобрува. Не знам точно, но сигурен сум дека тоа не значи оти Макс е похрабар од мене – смета Рикардо.

Следната година Дани минува во фабричката екипа на Рено, каде ќе продолжи да ги поправа своите квалификации.

Мислам дека проблемите се во моите мали грешки во однос на сетирањето на болидот. На пример, мислам дека во некои делови од патеките можам да бидам подобар со други сетингзи. Макс во моментов е подобар во тој сегмент – заклучи Даниел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.