Даниел призна дека ќе биде многу емотивно по крајот на Големата награда на , која ќе биде последна трка за него во тимот на , екипа за која вози од 2014 година.

Рикардо е 10-ина години дел од семејството на Ред Бул, 5 години вози во сениорската екипа од Милтон Кинс, претходно извозе две сезони во Торо Росо, а беше поддржуван од нив и во јуниорските категории.

абу даби е крајот на пет години со тимот и десет години со ред бул. сигурен сум дека ќе биде многу емотивно по трката особено кога ќе ја минам целната линија за последен пат со оваа екипа. но, ќе покажам многу љубов и се надевам дека и тие ќе ми го покажат истото и ќе прскаме малку шампањ во недела по трката – гласи желбата на рикардо.

Финиш на подиум е начинот на кој австралијанецот би сакал да се прости од тимот, иако Јас Марина не одговара многу на неговот РБ14 болид. Дани нема подиум од својата победа во Монако во Мај годинава.

абу даби секогаш е добар за мене и уживам во градот. сеуште немам подиум таму и ќе биде одлично да го завршам престојот во ред бул на тој начин – посака рикардо.

29-годишникот во текот на летото најави дека заминува од Ред Бул и ќе вози за фабричката екипа на Рено, додека тимот од Милтон Кинс празниана ќе ја пополни со Пјер Гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.