Даниел Рикардо е оптимист дека нема да добие казна на стартот во пресрет на Големата награда на Унгарија. Австралијанецот стартуваше од последно место во Германија откако доби неколку нови компоненти за својот мотор, надвор од дозволените за сезоната. Се избори и дојде до 6то место рано во трката, но во 27от круг по проблеми со моторот мора да се откаже. Прашањето кое го мачи е колку е оштетен моторот од Хокенхајмринг.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Портпарол на Ред Бул по трката изјави дека казна веројано нема да има затоа што оштетениот дел ќе биде променет со некој претходно користен. Ова е добра вест за Рикардо кој некоку пати изјавуваше дека Хунгароринг е најголема шанса за победа сезонава.

Ми се допаѓа Големата награда на Унгарија. Сите велат дека тоа е Монако без ѕидовите, но не е така, тоа е Унгарија. Патеката  брза, вообичаено е многу топло, има доста места за претекнување и секогаш се случува нешто интересно.

Средниот сектор е еден од најдобрите во сезоната, брз е и се прави многу брза промена на правецот. Патеката беше доста нерамна, но во последно време е навистина многу подобрена – анализира Рикардо.

Даниел смета дека Будимпешта е добро место за да се затвори првиот дел од сезоната и да се отиде на летна пауза и задолжително затворање на фабриките.

Отсекогаш сум ја сакал патеката, а и градот е навистина кул. Поради тоа што се тркаме пред летната пауза има убаво и опуштено чувство во падокот затоа што сите знаат дека следува одмор.

Будимпешта од своја стеана е неверојатно убава, има убава храна и секогаш кога сум во центарот уживам.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.