Рикардо се мачел со новиот мотор

238

Даниел Рикардо откри дека се мачел со новата спецификација мотор на Рено на трката во Канада. Французите донесоа нов агрегат за сите 6 возачи кои се тркаат со нивни мотори, но австралијанецот цел викенд е во сенка и побавен од својот тимски колега, Макс Верстапен, кој успеа да дојде до подиум.

Дани успеа да го победи Хамилтон за 4то место, но заврши 12 секунди зад Верстапен, иако моторот не му оставил добар впечаток.

Имавме нов мотор викенвдов, но мојот болид се мачеше со возните карактеристики и калибрацијата на агрегатот. Можеше подобро, се мачев да ги менаџирам гумите со она што го добивав од моторот. Имав неконстантост, но Макс се покажа одлично и дојде до подиум за нас – објасин Рикардо.

Даниел возеше со стар кинетички МГУ-К дел викендов откако во Монако таквиот дел откажа, а промена ќе му донесеше казна, така што “биковите“ се одлучија да се жртвуваат на друга трка. Правилен потег на екипата од Милтон Кинс со оглед на 4то место до кое стигна Рикардо, по што се наоѓа на само 2 поени од Ботас.

Задоволен сум со начинот на кој го комплетиравме викендот со тоа што го имавме. Дојдовме до добри поени и дојдовме до 2 екстра поени во шампионатот затоа што го задржавме Луис зад себе. Ќе видиме што ќе се случува, ќе почнам поагресивно наскоро и се надевам дека ќе ги решиме проблемите кои ги имавме денеска.

Пред трката австралијанецот беше на 38 поени од Хамилтон, а по трката е на еден помалку, но од Ветел. Во однос на моторот, смета дека подобрувањата се доста мали иако очекувале да се мачат на оваа патека.

Релативно сум задоволен од 4то место, направивме што можевме, но охрабрени сме од резултатот.


Рикардо се мачел со новиот мотор

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>