Откако го загуби потенцијалниот подиум во Мексико Сити, Даниел сака да го заврши својот долг престој во Ред Бул со добри резултати на последните две трки од сезоната.

Следната година насмеаниот австралијанец ќе вози за фабричката екипа на Рено, а на трките во кои досега ги има возено има највисок пласман во вид на 6то место лани.

атмосферата во бразил е кул и имав одлична трка пробивајќи се низ поредокот лани. патеката не е лесна за пртекнување, но лани покажав дека има начин и за тоа. кругот е кус и нема летечки кривини, но дефинитивно на сите им се допаѓа.

времето може да има голем удел на трката и да се надеваме дека она што се случува на патеката ќе може да се носи со атмосферата на трибините. парадата на возачите е кул, бучно е, има врева, личи на карневал, сите се полни со енергија пред да влезете во болидот.

секогаш имаме голема вечера со сите во тимот во бразил што создава одлична атмосфера за сите – појасни рикардо.

Сезонава Дани стигна до две победи, во Кина и Монако, но имаше и 8 откажувања поради технички проблеми на трките поради што падна зад својот колега на 6то место кај возачите. Иако беше разочаран по откажувањето во Мексико, најави дека ќе притиска како и секогаш.

не мора да кажам веќе дека сакам да ја завршам сезоната со добри резултати за тимот и поради тоа ќе притискам силно како и секогаш за да го постигнам тоа.

Со 77 поени предност пред седмопласиранио Нико Хулкенберг кој досега освои 70 поени, Рикардо е и теоретски на 6то место на крајот, затоа што заостанува 70 поени зад својот колега Верстапен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.