Даниел Рикардо сеп одготвува за тежок викенд во Германија откако беше потврдено дека поради промена на моторот ќе стартува последен. Поради тоа, австралијанецот се реши да го посвети денот главно на тркачкиот ритам, иако на првата тренинг сесија имаше најбрзо време.

Ритамот денеска беше добар, утрово бев брз, а Макс беше најбрз попладнето додека јас се фокусирав на долгите серии.

Изгледаме добро, тоа е јасно, но знам дека ќе стартувам многу позади во Недела поради казните за промена на моторот. Поради тоа, приоритет денеска беше да го сетираме болидот, да добиеме добар тркачки пакет затоа што квалификациите за мене ќе бидат неважни и ќе морам многу да претекнувам во Недела – смета Дани.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Австралијнаецот е нетрпелив за предизвикот кој го носи трката и се надева дека ќе се забавува пробивајќи се од последниот ред.

Симулацијата на трка која ја направив беше добра и болидот изгледа многу силно. Дали еден болид ќе стартува напред, а друг назад, не е бидно ако имаме брз болид во Недела и ќе биде интересно.

Се подготвив себе си за овој викенд знаејќи дека веројатно ќе добијам казна и сум возбуден што ќе треба да се борам и да се пробивам низ порредокот. За мене ќе биде задоволувачки, а за оние што гледаат ќе биде забавно – смета Дани.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.