Формула 1 возачот кој ќе биде дел од Рено наредната сезона, Даниел Рикардо, вели дека е тажен што става крај на долгогодишната соработка со Ред Бул, но инсистира дека одлуката е донесена во вистински момент.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Рикардо е дел од Ред Бул од 2008 година, освојувајќи титули со Формула Рено 2.0 и британската Формула 3, пред гигантот за енергетски пијалоци да го донесе во Гранд При трките во 2011 година.

Привремен престој со ХРТ му овозможи да премине во Торо Росо, а потоа тој беше донесен во Ред Бул како замена за Марк Вебер, победувајќи на 7 трки досега со екипата.

Но иако се очекуваше тој да остане во Ред Бул и по оваа сезона, Рикардо го шокираше Ф1 светот и одлучи да премине во Рено по крајот на моменталниот договор.

Даниел имаше своја порака по социјалните мрежи каде го сподели своето мислење.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.