Даниел Рикардо има извозено повеќе од 50 трки во тандем со Макс и ако некој го познава талентот на холаѓанецот, тоа е сигурно тој.

Во заедночкото време беа многу изедначени, а Рикардо смета дека неговиот веќе поранешен колега ќе постигне големи и значајни работи во Формула 1.

секако дека има огромен потенцијал за големи работи. се работи за траекторијата и ако продолжи да се подобрува ќе биде фантастичен, а да не заборавим дека е добар уште од првиот ден, но тврдам дека станува се посилен – смета дани.

Како и секогаш во модерната Формула 1, Рикардо е свесен дека успесите зависат во многу и од болидот кој треба да биде способен за успех.

сигурен сум дека ќе се подобрува во кариерата, но треба да се совпаднат коцките и да добие и болид способен секогаш да победува и тоа ќе го диктира нивото на неговата големина и целите кои ќе ги постигне.

уживав во предизвикот и ривалитетот со верстапен, двајцата пораснавме и се развивме како возачи и одлично си влијаевме во кариерите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.