Германскиот Гранд При викенд не е ни започнат, а Даниел Рикардо веќе има хендикеп откако призна дека се подготвува казна за него поради промена на делови од моторот. Запрашан за казната, австалијанецот не потврди колкава ќе биде, но соопшто дека тимот повеќе се фокусира на добар пласман во Унгарија одошто викендов на Хокенхајм.

Сеуште не сме сигурни колкава ќе биде казната, не сакаме да ризикуваме, а идеално би било да победиме следната трка, а оваа мораме да ја жртвуваме.

Лани завршив втор овдека така што победа годинава секако дека добро ќе ми дојде. Ми се допаѓа патеката, забавно е да се вози, може да се претекнува и доколку имаме казна и тргнеме од позадина. Останувам позитивно расположен затоа што знам дека ќе следува добро претекнување во текот на трката.

Во 2016 година имав неколку битни, но повеќе ја паметам трката две години претходно кога имаше нависина многу борба. Не знам напред, но во средината од поредокот беше многу интересно. Постои шанса за дожд во Сабота и тоа може многу да влијае на гридот, на трката ќе имаме дополнителна ДРС зона така што ќе бидеме поблиску едни до други.

Сакам добра трка овдека иако почнувам од позадина и сакам да притиснам за победа. Лувствувам дека на трите последователни трки не добивме тоа што сакавме така што одиме на следните две да надоместиме – најави Дани.


РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.