Рикардо повторно сака подиум во Сузука

77
   

Даниел Рикардо даде свое предвидување за овогодинешните шампионски титули на пет трки пред крајот на сезоната, паралелно со очекувањата за Јапонија. Австралијанецот смета дека Мерцедес повторно ќе освои двојна титула.

Нашиот ритам во Русија беше охрабрувачки, Мерцедес изгледаат моќно на сите патеки и мислам дека ќе останат на врвот до крајот на годината, додека ние како сме многу блиску до Ферари. Ако Мерцедес остане тимот кој треба да се промени, ние ќе се бориме со Ферари за подиум. Времето ќе покаже, но јасно е дека патеките кои бараат повеќе потисна сила ни одговараат – смета Рикардо.

Возачот на Ред Бул кој з следната година ќе мине во Рено зборуваше и за престојната трка, култура откако лани се искачи на подиум во Сузука.

Нема место како Јапонија, хотелот е смешен, но тоа е трка и секогаш на хартија ни одговара на болидот. Сузука е патека која е многу забавна за трка, но и целото искуство во Јапонија е посебно, нема друго.

Низ годините научив да уживам во нивната морска храна и сакам да ги посетувам суши рестораните и да искусам дел од јапонската култура, поради што минувам неколку денови во Токио пред трката.

Првиот мој подиу таму го освоив лани, а имам намера и годинава да пијам шампањско вино – најави Рикардо.


Рикардо повторно сака подиум во Сузука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>