По една третина од викендот измината, Даниел Рикардо од Ред Бул е одлично расположен откако имаше успешни петочни сесии за екипата.

Рикардо заврши позади Макс Верстапен во Т1, додека во Т2 заврши повторно позади холанѓанецот, но на трето место, додека Валтери Ботас беше најбрз за Мерцедес.

Со помалку од 2 десетинки позади времето на Ботас, Рикардо се надева дека формата на Ред Бул ќе продолжи во нагорна линија. Австралиецот ги истакна пневматиците и смета дека повисока температура ќе одговара на неговиот сетап.

Петочните сесии беа прилично добри за двата болида. Се надевам дека формата ќе продолжи и во саботните сесии.

Пневматиците дефинитивно се деградираат и мислам дека тоа ќе ни помогне. Хиперсофт се трошат повеќе на предниот дел, во однос на ултрасофт и суперсофт, кои повеќе се трошат на задните.

Ние сме во добра форма како и другите, ако не и подобри, а со пневматиците ќе биде важно да ги искористиме во наша предност во трката – вели Рикардо.

Сепак Даниел смета дека Ред Бул мора да најде форма во текот на еден круг. 29-годишниот возач, кој преминува во Рено за 2019 година, имаше 8 откажувања во 2018 година, шест од тие се случија по неговиот триумф во Монако во Мај.

Изгледавме силни на долгите стинтови и иако треба да најдеме дополнителна форма на кратките, возбудливо е тоа што може да извлечеме повеќе од болидот.

Од Монако се надевам на силен викенд, а ова е моја последна шанса со тимот, сакам повеќе. Не знам што е возможно во трката сеуште, но се надевам дека ќе бидам на подиумот и на добри квалификации – додаде Рикардо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.