Даниел откри дека постоеле шанси да вози за годинава, но се изморил чекајќи одговор од “сребрените стрели“.

Австралијанецот импресионираше на почетокот на сезоната и веднаш новинарите го ставија во комбинација за место во Мерцедес или Ферари, но наместо тоа, веќе поранешниот возач на Ред Бул сезонава ќе ја мине во фабричката екипа на Рено.

знаев дека за преговорите ќе треба време, ќе биде потребно подолг период и дојде јуни / јули, зборувавме неколку пати, но не дојдовме до ништо конкретно. беше јасно дека ако ме сакаа ќе ми го кажеа тоа. дојдов до момент кога сакав јасен одговор, морав да знам што ќе правам.

не знам дали играа некаква игра, но не ми се допадна. сепак, учам и од тие работи и верувам дека ќе дојде повторно момент во мојата кариера кога ќе минам низ нешто слично и ќе бидам подготвен – откри рикардо.

Историјата вели дека секогаш кога Рено со фабричка екипа биле дел од Формула 1, на крајот победувале и освојувале титули.

на една страна имаше екипи кјои ме сакаа, а на друга страна имаше некои кои половично беа решени дека сакаа да ме имаат, мерцедес и сличните. бев збунет во тоа време и јасно е дека сакав да сфатам што е реално, а што не, кој вистински ме сака во тимот, а кој не. беше возбудливо, но тоа создава нервоза – заврши дани.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.