Рикардо откри дека проблемот бил во кинетичкиот дел

190

Даниел Рикардо откри дека проблемо кој можел да го чини победа во Монако бил кинетичкиот МГУ-К дел од Системот за повраток на енергијата. За потсетување, во болидот на Макс Верстапен токму тој дел беше променет во текот на денешниот ден по што холанѓанецот доби казна од 10 места на стартот, но ионака почна како последен.

Ред Бул предки радиото го предупредија Дани дека проблемот нема да се отстрани, но тој најде ритам, одлично менаџираше и успеа да го задржи Ветел зад себе. По трката тој потврди дека проблем бил кинетилкиот МГУ-К дел кој испорачува околу 180 коњски сили дополнително до моторот.

Одеднаш загубив многу моќ од моторот и мислам дека покажавме дека имаме фантастична шасија. Патеката морам да кажам дека многу ни помогна, односно нејзината природа затоа што едноставно бев бавен по улиците, а патеката ми го дозволува тоа. Имавме среќа, тоа е сигурно, но да имаше нормална трка вројатно ќе влезевме два пати во бокс.

Задните сопирачки станаа навистина жешки и проади тоа го поместив балансот 6% или 7% за да може да ја контролирам температурата што е многу затоа што вообичаено се поместува за 1% – 2%. Тоа значеше испуштање на гас многу рано за да се осигурам дека сопирачките нема да уништат се. Се мораше да биде направено полека за да осигураме дека ќе го видиме крајот.

Деградацијата денеска беше на наша страна, а шасијата беше многу силна. Ќе видиме како ќе биде во Канада – објасни Рикардо.


Рикардо откри дека проблемот бил во кинетичкиот дел

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>