Даниел смета дека ќе биде многу посилен по најтешката и најинтензивната сезона во неговата моторспорт кариера.

Тој победи на стратешки одлично извозената Голема награда на Кина, а доминираше и во Монако иако имаше проблеми со моторот, но сезонава имаше и 8 откажувања од трки кои апсолутно не беа по негова вина. Во центарот на вниманието беше и поради својата неизвесна иднина, се до средина на сезоната кога откри дека ќе вози за Рено во 2019 година.

се случија работите околу мојот договор, се случи победата во монако и се случија откажувањата поради што ова беше најинтензивен предизвик кој сум го искусил во мојата тркачка кариера. ментално бев на тест, но мислам дека оваа година ќе ме направи многу посилен.

викендов во кина го сумира ролеркостерот од оваа сезона, сите подеми, падови и фрустрации на едно место. се сеќавам на подиумот кога едвај ги задржав емоциите затоа што беа пресилни.

по тој викенд не сум воопшто горд на тоа што се случуваше, бев горд на тимот и на сите околу мене, но се мачев. исто така знам дека претекнувањето над ботас во кина беше потег на сезоната, така што по мене кина беше фантастична и кул – анализира рикардо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.