Рикардо не се “пишмани“ за Рено

103

Поминаа неколку недели откако Даниел Рикардо реши да не ја продолжи верноста кон Ред Бул и наместо тоа да потпише договор со фабричкиот тим на Рено за следните две години. Оваа негова одлука беше големо изненадување и шок за многумина, почнувајќи од Ред Бул, кои беа целосно подготвени за нов договоро.

На прашањето дали се премислува во врска со изборот за продолжување на кариерата поради тоа што оди од посилен во послаб тим, австралијанецот одговори:

Воопшто не. Свесен сум дека во моментов структурата на Ред Бул е посилна и мојот мозок работи на остварување на долгорочен проект во жолто. Се чувствував добро кога потпишав и знам во што се впуштам – објасни Дани.

Се разбира дека поради заминувањето, на 29-годишниот возач повеќе нема да му бидат достапни чувствителни информации во врска со болидот за следната година, иако тој во Спа изјави дека работи вообичаено со екипата.

Морам да признаам дека беше само малку чудно. Во Четврток очекував да биде чудно во тимот и пред медиумите, но дури и тие беа смирени и вообичаено. Луѓето ме разбраа и ја почитуваат мојата одлука.

Имав шанса да се видам со Кристијан Хорнер во фабриката пред викендов и да се обратам кон дел од момците кои работат таму. Механичарите разбраа се, а мене многу ми е важно дека нема ништо лично против никого, никој некогаш не ме извадил од кожа.

Многу луѓе во Формула 1, без разлика дали се довзачи. механичари или инженери менувале тимови и се било во ред. Беше убаво да се осети почитувањето и зрелоста на сите – смета Даниел.


Рикардо не се “пишмани“ за Рено

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>