Рикардо: Не се обвинуваме

359

Возачите на Ред Бул не се обвинуваат меѓусебно за инцидентот по кој двата болиди не ја завршија трката на 11 кругови пред финишот откако во текот на целата трка агресивно се тркаа.

Рикардо го мина Верстапен пред менувањето на гуми, но Макс се врати на 4то место по боксот. Австралијанецот се обиде да го врати она што го загуби во гаражата, но следуваше инцидентот по кој двата болиди завршија крај патееката.

Јасно е дека сум разочаран по оваа ситуација. Добро е што јас и Макс имаме дозвола да се тркаме и сакаме да се тркаме, како што покажавме и денеска. Тоа е кул и дојдовме многу блиску еден до друг на трката, се допиравме и така натаму. Бевме на лимитот и навистина е штета што завршивме на овој начин затоа што оваа ситуација воопшто не е добра и убава. Двајцата лошо се чувствуваме што завршивме вака, а за тимот е катастрофа.

Не се обвинуваме, ќе ги оставам фановите и новинарите сами да си извлечат свое мислење. Се отвори празен дел од внатрешноста и јас морав да пробам да минам. Тешко е на сит ево екипата во моментов.

Никој никого не обвинува во моментот. Треба да се извиниме до екипата на најдобар начин што знаеме. Не сакаме никогаш повеќе да се најдеме во ваква ситуација – објасни Рикардо.


Рикардо: Не се обвинуваме

7 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>