Даниел Рикардо е сигурен дека Естебан Окон ќе остане во Формула 1 но сепак е свесен дека неговото заминување во Рено му ги намалило шансите на французинот за останување на гридот догодина.

Јуниорот на Мерцедес се спомнуваше како возач на Рено за наредната година, но Рикардо замина од Ред Бул и наредната година ќе вози за Рено. Голема е веројатноста французинот да биде заменет со Лоренс Строл чиј татко го купи тимот Форс Индија.

Рикардо признава дека со неговиот потег го “зезнал” Окон но дека тоа не било голем проблем за Окон.

Во неговата ситуација, јас не одев да го зезнам иако крајниот ефект беше тој. Не знам, не би рекол дека е помлад бидејќи има доста помлади возачи во спортот. Се чувствувам старо на 29 години, а има деца кои имаат само 20 години. Мислам дека не е толку тешко. Сепак е политичка и финансиска работа и тие се премногу вмешани на гридот кој делумно се базира на талентот. Но сепак не сметам дека спортот е во лоша ситуација.

Наредната година Ландо Норис доаѓа во Мекларен, Леклер во Ферари и Гасли во Ред Бул. Окон признава дека неговите надежи изумираат и неговата врска со Мерцедес е проблемот што другите тимови не го сакаат на позајмица.

Не ја знам неговата ситуација. Сигурен сум дека вреди да има место иако тоа може и да не се случи. Но не би рекол дека тој е првиот што ќе изгуби место. Се случило и претходно талентирани возачи да изгубат место. Тоа не е крај на неговата Формула 1 кариера. Штета е доколку се сличи.

Окон е жртва на драмантичното лето кога Рикардо замина во Рено, а Форс Индија влезе во стечај и беше спасена од Строл. Макс Верстапен изјави дека ситуацијата на Окон е работа на погрешно време.

Проблемот е што нема слободни места, а останување во Форс Индија е тешко и тогаш си поврзан со Мерцедес. Можеби не наредната но понатака може да се врати во Формула 1.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.