Даниел Рикардо откри дека неговата прослава по освоената пол позиција во Мексико не била насочена кон Макс Верстапен, туку едноставно бил пресреќен.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Макс доминираше на тренинг сесиите цел викенд и беше фаворит за пол позиција во Мексико, а со тоа ќе станеше и најмлад освојувач на пол позиција во Формула 1 историјата. Но, австралијанецот извади мега круг кој беше за 26 илјадитинки побрз од круго на Верстапен.

По трката на кој Макс победи, а Дани се откажа, Јос Верстапен, таткото на Макс, откри дека неговиот син бил иритиран од начинот на прослава на пол позицијата од страна на Рикардо.

не сум свесен за тоа, иако знам дека макс беше лут по квалификациите, тоа се гледаше на прес конференцијата, не беше задоволен што го победив. но, тоа не ме допре воопшто, ској кој ќе ја пропушти својата прва пол позиција за толку малку нормално е да биде нервозен.

дури и ако ја пропуштев пол позиција наместо тој и да беше моја прва, ќе бев многу вознемирен. тоа е нашиот конкурентен дух.

не беше ништо лично насочено кон него, бев пресреќен затоа што имав тешка година и не бев фаворит за пол позиција така што бев изненаден. до тогаш тој беше фаворит во текот на целиот викенд, беше прв на сите тренинг сесии, а ги загуби квалификациите за две сотинки и логично е што беше нервозен – објасни Рикардо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.