Рикардо незагрижен за младите возачи

66

Бројот на млади возачи кои влегуваат во Формула 1 се зголемува секоја сезона, но Даниел Рикардо од Ред Бул не е загрижен поради тоа. Во својата изјава за The Paddock Magazine, австралијанецот е дециден дека неговата репутација е изградена и нема потреба да се докажува.

Немам чувство дека треба да се докажувам себе си повеќе. Барем немам потреба за сега, можеби кога ќе поминам 30 години ќе треба повторно.

Засега мислам дека годините ми се позитивни затоа што искуството доаѓа со нив. Многу од младите возачи се вистински брзи, но прават грешки додека се тркаат.

Кога се работи за тоа, јас сум многу балансиран, брз сум и имам искуство да не грешам – смета Даниел.


Рикардо незагрижен за младите возачи

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>