Даниел Рикардо смета дека “проблемите во себе“ започнале поради стресниот период додека ја одлучувал својата иднина и кои најверојатно влијаеле над неговите перформанси летово.

Рикардо имаше одличен старт во 2018 година, со победи во Кина и Монако, по кои се постави себеси како солиден конкурент за шампионската титула. Сепак, недостаток на среќа и проблеми со издржливоста ги уништија неговите шанси, а во исто време под знак прашање неговата иднина во Формула 1.

Како што наближуваше крајниот рок и можноста да замине од Ред БУл, австралијанецот смета дека сите тие нешта влијаеле над него и перформансите во трките.

Сметам дека дури и да се сопнев и паднев додека одев до болидот или ја изгребав мојата рака, додека да стигнев до болидот, ќе бев во безсознание.

Мислам дека тоа што влијаеше е кога сте настрана од патеката и наместо да имате 8 часа сон, спиете шест часа, бидејќи мозокот постојано ви работи, дефинитивно, ова има влијание.

Сепак, мислам дека сум посилен од тоа и кога ќе влезам во болидот, јас сум добар, се вклучувам, но можеби одзеде малку од моето внимание. Дефинитивно имаше ноќи кога не спиев бидејќи мислев на премногу работи. Но тоа продолжува и можеби не бев толку фокусиран – вели Рикардо.

Очигледно, Рикардо не бил целосно фокусиран, надополнето со фрустрациите поради тешките преговори за неговиот договор. Гледајќи наназад, Рикардо смета дека тоа без сомнеж, било најтешка сезона досега во Формула 1.

Дури и да ги игнорирате резултати, толку многу работи се случуваа. Некои од откажувањата беа лудост, но имаше и моменти како Монако, така што беше чудно.

Дефинитивно беше интензивна сезона – додаде Рикардо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.