Даниел смета дека неговата агресивност во 2014 година кога дебитираше за Ред Бул го променила нивото на претекнувањето во Формула 1.

Австралијанецот е на прагот на својата последна трка за тимот од Милтон Кинс, односно неговиот 100ти настап за “биковите“ пред да мине во Рено каде првично ќе остане следните две години.

Осврнувајќи се на најзначајните моменти од неговата кариера во Ред Бул, вклучително и дебитантската сезона каде партнер му беше четирикратниот првак Себастијан Фетел, тој изјави:

таа година беше најзабавна за мене, ако се потсетам сега, и најважна за мојата тркачка кариера. победите беа големи и имав огромна борба со Фернандо Алонсо во Германија каде се тркавме жестоко, но фер, а тоа што ме пофали по трката беше посебно за мене.

чувствувам дека 2014 година ме обликуваше и го промени мојот пристап одтогаш, но го промени и новото на претекнување за сите во спортот. не многу возачи го правеа тоа што го правев јас тогаш со моите потези со кои престигнував болиди. можеби научија од мене и моето тркање така што сметам дека поставив нов стандард и им покажав на луѓето дека е возможно, но требаше да се проба.

знам дека звучи малку самобендисано, но јас верувам во тоа, не викам дека сите возачи можат ака, но барем некои се потрудија – се присетува рикардо.

Даниел објасни дека можноста да вози за јуниорскиот Торо Росо пред да биде унапреден во сениорскиот Ред Бул било многу значајно за него и токму тоа што му било потребно. Тој смета дека почнал д гради подобар статус за себе од првата трка за Ред Бул. се квалификуваше на 2ро место и ги подели Мерцедесите на неговата домашна трка и покрај тоа што имаше голем недостаток на моќ.

врнеше, а јас бев на интермедиа гуми на квалификациите во прва трка за нова екипа на домашна патека, бев храброто дете кое сакаше да се докаже. се присетувам сега и мислам дека тоа беше многу значајна трка за мене. тој ден покажа многу и беше одличувачки за да прераснам во возачот кој денеска сум, особено по битките со себ.

таа година се споија кокците за мене, знаев дека имам талент, но никогаш не ми успевало да склопам се и да имам доволно самодоверба – појасни рикардо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.