Рикардо: Можеме уште побрзо

131

Даниел Рикардо од Ред Бул смета дека нивните болиди можат да бидат уште побрзи во однос на досегашните сесии, иако доминираа во обете со 1-2 пласман.

Ред Бул се сметаат за фаворити низ улиците на Монако, а досега тие испорачаа на тие очекувања. Даниел Рикардо беше најбрз во Т1 и Т2, следен од својот тимски колега, Макс Верстапен.

Австралиецот ја изгуби шансата за победа во 2016 година по грешка при влегување во бокс, а од тоа издание на трката во Монако тој бара одмазда. Оваа година тој изгледа мошне агресивно и посветено на патеката.

Болидот е одличен и знам дека можеме да бидеме побрзи. За нас, ова е совршен почеток на викендот, но мора да внимаваме на Ферари и Мерцедес – изјави Рикардо.


Booking.com

Рикардо: Можеме уште побрзо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>