Рикардо: Малку заостануваме

89
   

Даниел Рикардо е свесен дека Ред Бул имаат негатива во однос на Ферари и Мерцедес на Силверстон која произлегува од помалата праволиниска брзина на правците. Австралијанецот заврши на 4то место на првата сесија, а едно место подоле на вторите 90 минути, но заостатокот на Т2 во однос на Ветел беше 9 десетинки.

Тој е искрен во врска со остатокот на тркачкиот викенд сметајќи дека нема да може да се борат за најдобрата стартна позиција на квалификациите.

Заостануваме во моментов, Ферари и Мерцедес се навистина силни и се надеваме дека нема да остане така цел викенд, но мораме да се обидеме да најдеме брзина за остатокот од викендот.

Се надевам на добри сесии во Сабота, но не би очекувал премногу од квалификациит. Наша цел е фокус на трката и ако се квалификуваме на третиот ред ќе се обидеме да научиме како да извадиме максимум од гумите за да имаме шанса на трка – открива Рикардо.

Дефицитот во моќноста од моторот им штети на “биковите“ на толку брза патека каде надоместуваат само малку низ кривините.

Дефинитивно губиме многу, го гледаме тоа на споредбите иако низ кривините успеавме малку да надоместиме, но потоа пак губиме на правците и тоа е тоа. Во моментов го немаме ритамот на водечките две екипи, барем денеска е така, но се надеваме на подобро утре.

Да ги задржиме гумите во добра состојба по толку топло време во Силверстон ќе биде клучно. Ако успееме во тоа и извадиме подолги серии ќе бидеме одлични на трката и ќе имаме шанса – смета Дани.


Рикардо: Малку заостануваме

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>