Рикардо: Мала победа за мене

94
   

Даниел Рикардо машки се избори за 4то место во Сузука, нешто што се сметаше за недостижно откако мораше трката да ја почне од 15то место. По откажувањето на моторот во квалификациите австралијанецот беше агресивен од самиот старт, до 3от круг веќе беше 10ти, а во 18от круг стигна до 4то место.

Добар резултат ако се земе во предвид цел викенд. Кога ја почнав трката искрено не знаев како се ќе заврши – кус беше на почетокот Рикардо.

Пред почетокот на трката, Даниел имал разговор со Советникот на тимот, Хелмут Марко, кој му најавил дека 4то место вило можно за него, нешто што Рикардо го примил со доза на неверување.

Штом се пробив низ гридот до моето стартно место, Хелмут ми рече мисли оти 4то место е оптимистички, но е можно за мене денеска. Така, овој пласман е мала победа за мене откако тргнав толку назад и имав одличен ритам спореден со тој на Ферари.

Подиумот ќе беше уште посладок, но не смеам да се жалам, задоволен сум за себе и за тимот. Поздрав до Јапонија – заврши Рикардо.


Рикардо: Мала победа за мене

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>