Рикардо максимално возбуден

138
   

Една недела откако не успее да ја надополни радоска на својата екипа и да стигне до добар пласман покрај победата на Макс Верстапен, Даниел Рикардо го очекува трката на Сивлерстон која австрлијанецот ја опиша како епска.

Мојата прва Формула 1 трка беше на Силверстон така што секогаш ќе остане посебно место за мене. Секогаш сум ја обожавал патеката затоа што одлична брзина и тек.

Копс се минува “до даска“ потоа следи Маготс и Бектс кои се минуваат на ист начин. Многу сум возбуден во пресрет на трката. Ќе биде преполно. Ќе биде “болно“ – смета Дани.

Секако дека најголема непознаница во Британија ќе биде времето кое многу често знае да се промени. Но, изминативе две недели Англија има многу Сонце, нешто што метеоролозите предвидуваат дека ќе продолжи и претојниот викенд.

Не секогаш ми се допаѓа времето, но нешто добивате, а нешто губите. Исто така тука е една од најлојалната и најпатриотската публика а местото едноставно е моторспорт историја.

Сум имал подиум, но никогаш победа. Можеби годинава ќе ја украдам од Луис. тој има одлична статистика дома, а може да се обидам да му “украдам“ некоја победа“.


Рикардо максимално возбуден

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>