Рикардо: Кругот вредеше повеќе од 6то место

264

Даниел Рикардо се чувствуваше “ограбено“ по квалификациите на 6то место во Канада. Ред Бул доминираа на сите тренинг сесии се до последниот квалификациски сегменти кога Ферари и Мерцедес решија да сменат во следна брзина.

Макс Верстапен успеа да го победи Луис Хамилтон и да му ја одземе 3та позиција, но Рикардо мораше да се задоволи со место во 3от ред зад Кими Раиконен.

На крајот, шесто место на хартија не е задоволително и сметам дека на квалификациите направивме доста голем напредок. Се мачевме со ритамот вчера, но и утрово и на квалификациите цело време бевме чекор позади.

Мислам дека круговите кои ги направивме се подоби од само 6то место, но на крајот тоа е тоа. Со оглед на тоа што го имавме мислам дека не завршивме лоша работа – изјави Рикардо за Sky Sports.

Ред Бул ќе бидат на спротивна стратегија од нивните конкуренти, Мерцедес и Ферари кои ќе почнат на ултрасофт, додека биковите ќе почнат на најмеката компонента односно на хиперсофт.

Одбравме да почнеме на хиперсофт утре затоа што мислиме дека можеме подобро да менаџираме. Секогаш сметавме дека пол позиција овде е премногу. Знаеме дека е имаме болиди за претекнвуање и поради тоа ни требаат најмкеи гуми за да имаме поголема шанса за тоа – заврши Дани.


Booking.com

Рикардо: Кругот вредеше повеќе од 6то место

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>