Рикардо и Верстапен се квалификуваа карајќи се

676
   

Даниел Рикардо и Макс Верстапен  ги минаа квалификациите во Австрија во кавга кој кого да го повлече во последниот квалификациски сегмент за подобар резултат. Двајцата возачи имаа кавги со своите инженери преку радиото, додека австрлијанецот заврши со тоа што изјави дека Ред Бул не се фер.

Даниел беше пратен пред Верстапен во текот на сите три серии во последниот квалификациски сегмент, но почна силна да забавува во текот на втората серија и покрај наредбите од тимот да забрза за да го повлече Макс.

Верстапен исто така негодуваше откако преку радиото му било кажано да го претекне Даниел што значи дека немало да биде повлечен, таквата привилегија ќе добиел Рикардо.

На крајот на сесијата, тандемот на Ред Бул заврши на 5то односно 7мо место, а ги раздели Роман Гросжан со својот Хаас и маестралниот прв обид во К3.

Искрено, воопшто не сум задоволен. Имавме три обиди со три лтечки кругови, а јас само правев место за сите. Целата ситуација требаше да биде многу пофер – изјави по трката незадоволниот Рикардо.

Штом коментарите на Рикардо беа пренесени до Верстапен, холанѓанецот негодуваше затоа што смета дека тој ја имал денешната задача на Рикардо на претходната трка во Франција пред една недела.

Пред трката екогаш се договараме кој пред кого ќе тргне, а ова беше трка во која тој требаше да биде пред мене, едноставно.

На Пол Рикар јас бев напред така што сега беше негов ред. Секогаш се обидуваме да дојдеме до најдобрата можна позиција – објасни Верстапен за Sky.


Рикардо и Верстапен се квалификуваа карајќи се

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>