Рикардо изненаден што Ферари не го сака

691
   

Во еден момент годинава изгледаше дека Даниел Рикардо е сериозен конкурент за место во Ферари следната година, но италијанците повеќе не го сакаат австралискиот возач на Ред Бул. гласините велеа дека Даниел ќе пристигне во Маранело како замена за Кими Раиконен за кого веројатно оваа сезона е последна во Формула 1. Се зборуваше дури и за износот на плата која тој би ја примал.

Мислев дека ќе има поголем интерес од Ферари одошто реално постоеше. Но, можеби нешто се случило таму, не знам. Можам да кажам дека во моментов моите опции се ограничени.

Мислам дека нема да има големо движење на возачите во најдобрите екипи, Мерцедес нема да промени ништо, а којзнае што ќе се случи во Ферар. Тие го имаат Кими, а сега сите зборуваат за Шарл Леклер така што не знам за што ќе се одлучат – изјави Рикардо.

Шпекулациите во моментов велат дека Даниел е многу блиски пред продолжување на соработката со екипата од Милтон Кинс, а нов договор веројатно ќе биде потпишан многу скоро.

Јасно е дека преовладува моето мислење дека треба да останам тука. Очекувам да потпишам нешто до летната пауза. Дефинитивно блиску сум до решение – откри австралијанецот.


Рикардо изненаден што Ферари не го сака

5 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>