Даниел Рикаро признава дека напредокот на Ред Бул во завршницата од 2018 година бил збунувачки бидејќи немало очигледно објаснување за подобрената форма на РБ14.

Ред Бул се надеваа на добра трка во Мексико, најмногу поради високата надморска височина која ја намали разликата на Рено со конкурентите. Сепак, тимот беше конкурент на повеќето трки во последниот дел од сезоната, истакнувајќи дека развојот на шасијата ги надминал тие на Мерцедес и Ферари.

Овој спорт е толку збунувачки понекогаш. Дури и во Бразил бев изненаден од нашата форма.

На почетокот на трката ги претекнував болидите и често ги оштетувате пневматиците, но во тој момент сеуште бев побрз од Ферари и Мерцедес.

Тешко беше да се претекне, но знаеме дека имаме перформанси. Не знам дали ние постапивме правилно, или другите згрешија, но дефинитивно бевме брзи на последните неколку трки – вели Рикардо.

Запрашан дали неговото заминување во Рено спречило споделување на детали со него околу деталите, Даниел го истакна следното:

Па, најверојатно никако не би знаел!

Овој спорт е комплициран. Но тие ја знаат својата силна страна. Мислам дека аеро пакетот беше многу силен оваа година, но исто така и севкупната геометрија, суспензијата.

Вакви работи, ги гледате снимките од другите болиди и гледате дека кацигите на другите возачи многу се движат, а нашите стојат мирно.

Мислам дека се, целосниот болид беше погоден годинава. Не знам кои се деталите, но мислам дека тоа беше една од силните страни на тимот – додаде Рикардо.

Макс Верстапен истакна дека клучно било што подобрувањата на Ред Бул функционирале според планот.

Секогаш го подобруваме болидот и мислам дека секое подобрување на болидот функционираше. Тоа е секако одлично и мислам дека другите тимови имаа проблеми со некои нови делови.

Во Бразил бев изненаден што во трката бевме толку брзи, веќе го забележав тоа во првиот круг, по два круга, беше лесно да ги следиме другите, додека тие ги чуваа пневматиците.

Мексико дефинитивно беше наша цел, сепак не бевме сигурни колку ќе изгубиме на правците. Бев многу задоволен што бевме изедначени – изјави Верстапен.

Тимскиот шеф, Кристијан Хорнер, призна дека тимот направил големи чекори по летната пауза.

Направивме добар напредок и развој со болидот. Се подобривме по летната пауза.

Во Спа бевме на подиумот, требаше да бидеме на подиум и во Монца, во Сингапур бевме силни, Русија бевме силни, очигледно Јапонија, Мексико, Тексас, имаше силна серија на подиуми.

Направивме голем напредок со болидот во втората половина од годината, а болидот беше многу силен и на почетокот.

Изгубивме перформанси околу Монтреал кога беа донесени подобрувањата на агрегатот. Заостанавме позади Мерцедес и Ферари, но по летната пауза успеавме да се бидеме повторно конкурентни – изјави Хорнер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.