Австралијанецот Даниел Рикардо немаше зборови да го опише чувството по освоената пол позиција за Големата награда на Мексико. Тој беше побрз за 3 стотинки од неговиот колега Макс Верстапен кој ќе стартува од второ место крај него и му ја одзема шансата за стане најмладиот возач на пол позиција во Формула 1 историјата.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Рикардо немаше добри тренинзи овој викенд и изјави дека знаел дека има добри перформанси во својот РБ14 болид од Ред Бул.

Знаев дека перформансите се тука негде. Немав чиста патека на тренинзите и важно беше денес да поставам добро време. Знаев дека болидот е брз. Макс го покажуваше тоа цел викенд и знаев дека треба да соберам се што е можно за еден чист круг на крајот. Сигурен сум дека не беше најчист, но кога слушнав дека сум на пол можев да се олабавам малку – опиша Рикардо.

Ова е одлично достигнување за Рикардо бидејќи денешниот триумф е негова прва пол позиција надвор од Монако каде на два пати има тргнато од најдоброто стартно место.

Ова е специјално чувство, бидејќи Монако е единственото место каде сум успеал во ова. Да освојан пол позиција тука, верувам дека бев супер блиску до Макс и дека сум на неколку стотинки или илјадитинки. Ова е одлично за тимот, 1-2 старт. не знам кога било последен пат ова на квалификациите.

Старт од првиот ред со два болиди Ред Бул последен пат имале во американски Остин во 2013 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.