Даниел Рикардо смета дека првото возење со новата и последна спецификација на Рено изгледа ветувачки. Во моментов тој е единствен возач со Рено мотор кој ја користи Ц спецификацијата од Види.

Ја користев новата спецификација за прв пат и се изгледаше во ред. Но, не можеме со сигурност да знаеме се додека не ги анализираме податоците. Попладнево имавме добри серии и се надеваме дек истите ќе донесат добри бројки.

Изгледавме конкурентно во текот на долгите серии попладнево, но на кусите серии Ферари беа навистина пребрзи, а имаме и голем заостаток во однос на Мерцедес. Дефинитивно сме многу поблиску до нив на тркачките симулации што е ветувачки за трка, но сеуште имаме време за надоместување.

Ќе ги погледнеме податоците, но мислам дека денот беше фин за нас. Сметам дека новиот мотор е напредок во позитивна насока – појасни Рикардо.

Но, не изгледаше се така добро утрото, затоа што при првото појавување на патеката, Рикардо се паркираше неподвижно и се чинеше дека новиот мотор на Рено откажал уште пред да почне да работи. За среќа, проблемот беше многу брзо решен.

Проблеми иамв само во првиот круг, но истите многу брзо ги отстранивме и се беше во ред. Проблемот беше софтверот кој го однесе моторот во мод за безбедна работа за да не предизвика дефект.

Но, новиот мотор за Дани ќе значи и старт од позади, што не е лошо за љубителите на спортот ако се знае неговиот талент за претекнвуање.

Ќе пристапам исто како и на секоја трка, но веројатно ќе сум порелаксирам затоа што овдека има многу повеќе место за претекнување. Имавме тест на неколку долги серии, не работев многу брзи кругови затоа што утрешните квалификации за нас не се битни и можеме слободно да ги прескокнеме.

Се надевам дека во Недела ќе имам добро подготвен болид за да минам низ гридот и ќе дадам се од себе за топ 5 финиш – најави Рикардо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.