Даниел го објасни своето чудно движење крај патеката на стартот во Австралија по кое заврши без предно крило, но и со други оштетувања на болидот кој му донесоа само 31 круг по домашниот Алберт Парк.

Реното на рикардо чудно отскокна откако претходно мина преку канал за одвод на водата од патеката крај стартно целната рамнина во момент кога се обидуваше да го престаса Серхио Перез. Ударот целосно го откина предното крило, по што исчезна надежта за некој подобар резултат на премиерата од сезоната.

Австралијанецот не очекувал одводниот канал да биде пособен да предизвика толкава штета на болидот и поради тоа смета дека инцидентот е едноставно лоша среќа за него.

мислам дека немав воопшто среќа. поставив само две тркала на тревата и следно што видов е голем канал за одвод таму, или шахта, што и да беше, како што чувствувам на многу други места каде се тркаме – појасни дани.

И покрај тоа што на забавените снимки се гледаше дека Рикардо имал доволно место крај Перез и без да излезе по тревата, тој ја бранеше својата одлука.

стартот на серхио не беше добар и поради тоа направи маневар, но се се случува толку брзо, тој се помести, инстинктивно и јас го направив истото, потоа го исправив болидот и бев веќе на тревата.

никогаш не може да знаете колку тој ќе се помести затоа што беше пред мене и морав да оставам место и да ја следам неговата првична реакција. не бев воопшто загрижен кога излегов на тревата, мислев дека ќе минам низ неа и само ќе загубам малку, но ја погодив таа шахта и тоа беше се од мојата трка.

Откако влезе во бокс по нови гуми и ново предно крило, тој продолжи да се трка, но само до 31от круг кога беше повикан да се паркира во гаражата, иако сеуште не знае зошто болидот бил повлечен.

да бидам искрен сеуште не знам точно зошто бев повлечен од трката. верувам дека сме имале некој проблем, не мислам дека беше само мерка на претпазливост. веројатно имавме некои проблеми кои не сум ги почувствувал.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.