Даниел се надева дека ќе го подигне на следното ниво откако потпиша двегодишен договор со екипата од Енстон.

Австралијанецот го шокираше Формула 1 светот кога летоска реши наместо со да продолжи со Ред Бул, да бара нов предизвик со Рено, надевајќи се дека фабричкиот тим ќе стигне чекор поблиску до Мерцедес и Ферари. Колега во тимот ќе му биде Нико Хулкенберг, а целта на тимот е јасна, да ги предизвикаат најдобрите три екипи откако во 2018 година беа најдобри од остнатите.

сакам повеќе од себе, така е секогаш и очекувам повеќе од тимот со моето присуство таму. нико е искусен и таму е веќе некој период, а очекувам и јас многу брзо да станам дел од тимот и присуството да ги мотивира сите за нешто повеќе.

очекувам да се продолжи со добрите работни навики и да се донесат луѓе околу нас кои знаат да работат. моето возење секогаш ќе го подобрувам и само треба да најдам начин како да го подобрам целиот тим – најави рикардо.

Оперативниот шеф, Сирил Абитебул, го поддржа тимот да продожи да се подобрува и развива и верува дека Даниел ќе биде одличен додаток.

знаеме дека колку подалеку одиме, толку поголеми чекори треба да направиме и толку повеќе ќе се бара од нас. сакаме да видиме намален заостаток во однос на оние пред нас на квалификациите и трките и секако да не бидеме минувани за цел кру.

во однос на освојувањето на поени, целта ќе ја обелодениме на почетокот од сезоната, но очекуваме напредок. очекуваме даниел да биде клучен во тоа, слично како во ред бул, на патеката и надвор од неа и самиот знае дека ни треба некој од негов калибар за да ги спроведе промените.

нико врши фантастична работа како возач и нетрепелив сум да го видам нашиот тандем на патеката како ги остваруваат амбоциите на рено.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.